Димовски: Ќе гласаме за законите на СДСМ, тие да гласаат за нашите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата „За подобра Македонија“ имаат намера да гласаат позитивно за трите закони по скратена постапка што се поднесени од СДСМ, но бараме политички начин како да извршиме притисок врз СДСМ тие да гласаат за трите закони коишто ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата, рече денеска на прес-конференција координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Законите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, како што појасни, се за покачување на платата во јавниот сектор, за обезбедување вредносни бонови-ваучери за набавка на компјутери и компјутерска опрема за студентите, како и за намалување на трошоците и каматите во постапките за извршување преку извршителите и нотарите.
Според Димовски, со амандманите што СДСМ почнале да ги усвојуваат на Комисијата за политички систем, предложениот закон за извршување станува безпредметен. - Во неформална комуникација ни беше кажано дека имаат намера да гласаат и против законот за покачување на платите, така што во Собранието на Република Македонија имаме јасно позиционирање кој е конструктивен спрема граѓаните, а кој е деконструктивен спрема граѓаните, рече Димовски на прес-конференција во Собранието.
Според Димовски, на денешната Комисија за европски прашања по однос на Законот за употреба на јазиците им било оневозможено гласање, со тоа што претседателот на Комисијата Артан Груби не дозволил да се гласа поединечно за законот.
- Нашиот став останува ист дека законот за употреба на јазиците е надвор од Уставот на Република Македонија, не е во рамки на Охридскиот договор и е дискриминирачки спрема македонскиот јазик, но и спрема јазиците на турската, бошњачката, српската, ромската и влашката заедница во Република Македонија, наведе Димовски.
Ново на Сител
-

Затворот во Струмица доби лулашки и лизгалки
-

Подвиг за восхит: 11-годишниот Давид и 12-годишната Анастасија освоија три алпски врва над 4.000 метри
-

Oсум тони марихуана недостигаат во фирма за одгледување медицински канабис во струмичко
-

Марихуана пронајдена кај две државјанки на Перу
-

135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол запленети на зелениот пазар во Чаир
-

Трамп изјави дека наскоро ќе биде организирана средба меѓу Путин и Зеленски
-

Шкотски музеи ги отстрануваат мумиите бидејќи „покојните не дале согласност“ да бидат изложени
-

Ѓорѓиевски: Да оставиме пример, не ѓубре - продолжува најголемата еко-акција досега
