Димковски: Земјоделците да не ги палат нивите и стрништата
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски апелира земјоделците да не ги палат нивите и стрништата. Со нивното палење, како што вели, не само што предизвикуваат еколошка штета и опасност од непосакувано проширување на пожарот, туку ги уништуваат и органските материи кои се битни за подготовките на почвата и додатоците кои се потребни за зголемување на хумусот во земјата.
-Тоа е нешто што за жал се повторува и покрај сите апели. Земјоделците по некоја навика ги палат нивите со ориз и житни култури, мислејќи дека со тоа постигнуваат подобар ефект, но со тоа прават штета на површината со согорувањето на една органска материја кјоа е многу битна за подготовката на почвата, рече Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во МЗШВ.
Тој посочи дека постојат средства кои ја разградуваат целулозата и додаде дека земјоделците со палењето на стрништата не прават само еколошка штета, туку ги уништуваат и додатоците за зголемување на хумусот во почвата.
Прашан дали се размислува да се примени хрватскиот модел кој предвидува да нема субвенции за земјоделците кои ги палат нивите, Димковски рече дека тоа е идеја за која треба да се разговара, но додаде дека ќе му биде мило да биде поттикната од, како што кажа, свесните земјоделци.
-Контролите треба да бидат позасилени и да се интензивираат од локалната самоуправа која е на самото место. Имавме убав пример со откривањето на сторителот во скопско со дрон. Таквите примери иако негативни ќе влијаат на свеста на земјоделците да се отргнат и да ја заборават оваа лоша навика, потенцира Димковски.
Ново на Сител
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти
-
Продолжува потрагата по 16-годишното девојче во реката Вардар
-
Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
-
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци, 51 санкционирани возачи на мотоцикли
-
Приведени возачи од Битола и ресенско, возеле со 1,87 и 1,86 промили алкохол во организмот
-
Без активно жариште пожарот на Кипар
-
Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа