Димитров во работна посета на Естонија, Латвија и Литванија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров од денеска до 3 ноември ќе престојува во работна посета на балтичките земји. Регионалната турнеја, како што соопшти МНР, ќе започне во Република Естонија, актуелниот претседавач со Советот на ЕУ, ќе продолжи во Република Латвија, а ќе заврши со работна посета на Република Литванија.
Во рамките на посетата министерот на своите балтички колеги ќе им ги претстави досега преземените конкретни чекори од страна на Владата на Република Македонија за поттикнување на евроатланските интегративни процеси на земјата, преку Акцискиот план 3-6-9, а ќе ги информира и за степенот на реализацијата на преземените реформи.
Министерот Димитров, се вели во соопштението од МНР, ќе се осврне и нa најновите надворешно-политички активности на земјата во контекст на продлабочување на регионалната соработка и градењето добрососедски односи за изнаоѓање одговор на актуелните глобални безбедносни предизвици и регионалната економска соработка.
Се очекува на средбите да бидат разменети мислења и идеи околу понатамошно интензивирање на политичкиот дијалог и унапредување на билатералните односи преку соработка во области од заемен интерес.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска