Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Брисел, ќе има работна средба со постојаните претставници на земјите членки на Европската унија (КОРЕПЕР), во организација на постојаниот претставник на Австрија, во својство на претседавач со Советот на Европската унија.
Шефот на македонската дипломатија, како што информираат од МНР, ќе ја искористи можноста на средбата да побара продолжување на континуираната поддршка на ЕУ и нејзините земји членки за европската перспектива на Република Македонија.
На средбата со соговорниците, министерот Димитров ќе ги сподели очекувањата на Република Македонија за напредок во пристапниот процес, а ќе ги информира за напредокот кој е постигнат во клучните реформски области и во унапредувањето на доборососедските односи, со фокус на имплементацијата на Договорот од Преспа.
Ново на Сител
-

Македонците јадат безбедна храна - тврди директорот на АХВ
-

Монтеко со две платинести и една сребрена награда во Белград
-

Вакцинацијата против грип ќе стартува следната недела - приоритетните ќе ги утврдува Комисијата за имунизација
-

Диспензирање на терапијата за мултиплрекс склероза
-

Проширувањето на ЕУ во сенка - Зеленски го превзема фокусот на состанокот на Европскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
