Димитров: Не дигам раце додека не ни ја биде Македонија

Шефот на дипломатијата Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум, на неговиот Фејсбук статус објави дека почнале специјална војна против него.
– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде, пишува Димитров.
Претходно, веста за оставката преку соопштение ја демантираше Министерството за надворешни работи, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.
- Министерот за надворешни работи на Република Македонија, како и досега, така и понатаму, ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња за Република Македонија, најмногу од се’ е потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, стои во демантот од МНР во кој се бара и одговорност за овој како што го оценуваат „груб фалсификат“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Планинска спасителна служба на Водно и во Кањон Матка - безбедноста на граѓаните е наша обврска
-

Носкова: Ова никогаш нема да го заборавам
-

СП 2026: Аргентинците веруваат во одбрана на титулата
-

СП 2026: Норвешка сега ја има на фудбалската карта
-

Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
