Македонија
10. October 2017 - 10:18

Димитров ќе се обрати пред Комитетот за надворешни работи во ЕП

Министерот за надворешни работи на Никола Димитров денеска ќе има редовно обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (AFET) каде ќе информира за текот на имплементација на клучните реформи во Република Македонија.
 
Комитетот за надворешни работи e работно тело на Европскиот парламент во кое членуваат претставници од различни парламентарни групи кои се застапени во него.
 
На денешниот состанок Димитров пред членовите на Комитетот ќе информира за текот на имплементација на клучните реформи во земјата од страна на Владата на Република Македонија со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори, соопшти Министерството за надворешни работи.
 
Шефот на македонската дипломатија ќе има и средби со пратеници во Европскиот парламент.