Димитриевски: Нека дојдат да избришат споменик во Куманово да видат што ќе се случи
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во денешното гостување во „Студио 10“ истакна дека не може нашите партнери во странство да ја бранат Македонија и македонскиот идентитет, јазик, самобитност и државност повеќе од нас самите.
„Што правиме ние? Молчиме. Па во странство се говори повеќе за овој проблем, отколку кај нас дома. Ова мора да го решиме. Спомените од втората светска војна уште се живи, имаме учесници во Втората светска војна. Баба ми има 95 години, ден денеска памети што се случувало. Зошто еден бугарски политичар не се одважи и не излезе јавно да се извини за сето она што го имаат направено во рамки на Втората светска војна? Јас не ги окривувам граѓаните на Бугарија, не се фашисти. Но, факт е дека Бугарија била составен дел на фашистичката коалиција и режимот во Бугарија бил фашистички штом дал една таква поддршка. Тоа целиот свет и светската историја го пишува. На крајот, ние да ги бришеме спомениците. Нека дојдат да избришат споменик во Куманово ќе видат што ќе се случи. И да го видам тој којшто ќе биде подготвен да дојде да брише било каков споменик“, потенцираше Димитриевски.
Ново на Сител
-
Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
-
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ
-
Многу топло време и утре, освежување од сабота
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху
-
Во понеделник најавено прскање против комарци во Охрид и околината
-
Орбан и одговори на Фон дер Лајен: Не мешајте се во внатрешните закони на земјите-членки