Димитриевски: Не мавај по полицаецот, тоа се истите луѓе што ја бранеа државата во Диво Насеље во 2001ва
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во однос на вчерашните протести посочи да не се мава по службени полициски лица, затоа што тоа се истите лица што ја бранеле државата во 2001 година, во кумановско Диво Насеље, а виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат Македонија.
„Не мавај, не фрлај по полицаецот, не е виновен тој, тоа се истите луѓе кои ја бранеа државата во 2001ва, во кумановско Диво Насеље и ако е потребно повторно ќе ја бранат. Виновни се тие кои раководат и со погрешните политики ја урнисуваат нашата Македонија и се однародуваат. ДА за демократски протест! НЕ за насилство, конфликти, говор на омраза и навреди на етничка основа! Ние единствено на овој свет се делиме на добри и лоши луѓе“, напиша Димитриевски на неговата официјална Фејсбук страница.
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети