Димитриевски: Грижата за пензионерите е наша чест и обврска, тоа се луѓето кои не израснале и ја изградиле државата
Независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово Максим Димитриевски и носителката на листа за советници во идниот Совет Ивана Ѓорѓиевска, денеска остварија средба со Здружението на пензионери од Куманово.
„Да се грижиме за пензионерите е наша чест и обврска. Тоа се луѓето кои не израснале и изградиле во тоа што сме денеска, луѓе кои ја изградиле државата. Подобар живот на сите пензионери е нашата водилка во имплементација на локалните политики. Вложивме многу, но сакаме да продолжиме да им служиме и да бидеме пример за одговорни граѓани. Драго ми е што на денешната средба со Здружението на пензионери од Куманово, се чувствува нивната огромна поддршка. Чест ми е што пензионерите се задоволни од досегашното раководење на општината. Ова е голема почит и признание за целокупниот труд. На средбата, ја презентиравме изборната програма и имавме плодна дискусија за потребите на сите пензионери“, потенцираше Димитриевски.
Во изборната програма на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ предвидено е проширување на капацитетите на Дом за стари лица „Зафир Сајто“, како и континуирано подобрување на условите во постоечките капацитети на овој дом.
„Ќе субвенционираме јавен градски превоз за пензионери и ќе организираме културни, спортски настани и екскурзии за пензионери. Тие заслужуваат достоинствен живот, а За наше Куманово продолжува со вистинската грижа за нашите пензионери, наши родители, наши баби и дедовци“, рече
Димитриевски.
Ново на Сител
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван
-
Владата и Црвениот крст ќе ја јакнат соработката
-
На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
-
Се испитуваат причините за пожарот во Визбегово, побаран притвор за две лица кои нападнаа новинарска екипа
-
Андоновски - Агелер: Поддршка од САД за дигитална трансформација на Македонија
-
ЦУК: Вчера евидентирани рекордни 4.199 повици на бројот 112, најмногу за пожарна и за полиција