Димитриев: Да надвладее разумот, да се запази достоинството на народот

Во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и комуникацијата меѓу себе. Република Македонија во историјата преживеала многу премрежја, ќе го преживее и ова и ќе излезе посилна, порача премиерот Емил Димитриев, кој денеска присуствуваше на Велигденската литургија во централниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“ во Штип.
- Доброволната жртва на Исус не потсетува дека треба да ги запазуваме вредностите, кои што со векови го јакнеле единството меѓу македонскиот народ, а граделе соживот и толеранција со останатите народи. Ова е поука за политичарите во моменти кога имаме силна политичка поларизација да надвладее разумот, да се запази достоинството во постапките и комуникацијата меѓу себе. Република Македонија во историјата преживеала многу премрежја, ќе го преживее и ова и од ова ќе излезе посилна, рече Димитриев.
Митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион истакна дека денеска е радосен ден, а македонскиот православен народ денеска го слави Велигден научен од проповедот на Светиот апостол Павле, проповедено и во Филипи кај првата жена христијанка Лидија.
- Посакуваме светлоста Христова да ги просветли и осветли сите луѓе во светот, да завладее мир и љубов, сплотување и соединување, а исто така посакуваме и во татковината наша Христовата светлина да ги просветли сите луѓе, да ги избави од мракот и како што Христос со воскреснието ги посрами и ги порази непријателите негови, така и нашите непријатели кои ја мразат татковината и верата православна да ги посрами со своето воскресение. Нам да ни даде сила и трпение, љубов да истраеме, рече г. Иларион.
Тој упати порака и до македонските политичари и оние кои ја раководат државата за ум и разум, љубов и единство за да може, вели, сите граѓани да ја чуваат татковината и древната наша црква Света Охридска архипископија која годинава одбележува 50 години од возобновена во лицето на Македонската православна црква.
На литургијата присуствуваа и градоначалникот на општина Штип Илчо Захариев, пратеници во Парламентот и голем број верници.
Ново на Сител
-

Десетици делегати демонстративно ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН на почетокот на говорот на Нетанјаху
-

Николоски: Од март следната година нова авиолинија Дубаи-Скопје, преговараме и за поврзување на Охрид со еден од аеродромите во ОАЕ
-

Две финалиња за Македонија: Андонов и Николов ќе се борат за злато на Светското во кикбокс
-

Ристески: Со намалувањето на ДДВ за горивата граѓаните заштедуваат до 350 илјади евра дневно
-

Дознале дека три од четирите деца постепено ќе го губат видот, па ги однеле на пат околу светот за да создадат спомени
-

Ѓаволот призна вина - осуден на условна казна од две години
-

Заклучен Избирачкиот список за изборите за градоначалник во Брвеница
-

На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“
