-->
-->
ДИК: Најголема излезност на гласачи во дијаспората во Софија и Анкара
-->

Најголема излезност до 13 часот во 46-те ДКП на Република Македонија во кои денеска се гласа за предвремените парламентарни избори од 55,5 отсто е регистрирана во Софија и Анкара.
Според податоците на Државната изборна комисија, во Софија од запишаните 36 гласачи гласале 20 лица, а во Анкара од 45 гласале 25-мина.
Најголем број избирачи од дијаспората се пријавиле да гласаат во Швајцарија каде на четири избирачки места во Берн треба да гласаат 4.255 лица, во САД во четири града - Вашингтон, Детроит, Чикаго и Њујорк вкупно треба да гласаат 3.086 лица и во Австралија на две избирачки места во Мелбурн и Канбера каде треба да гласаат вкупно 1.807 лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест на ССМ пред Владата
-

Се санираат штетите во Кичево, 250 лица и натаму се евакуирани
-

Ќе се врши стручна анализа на водоснабдителниот систем во Струга
-

Бизнисот, УГД и општината во заедничка мисија - иновации дома
-

Преглед на вестите од светот
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
