ДИК ќе расправа за прегласување на избирачко место во Чаир

ДИК попладнево на седница треба да разгледа и усвои решение за повторување на гласањето во избирачкото место 2901 во општина Чаир, од вториот круг на локалните избори што се одржаа на 29 октомври.
Членот на ДИК Субхи Јакупи претходно изјави дека Управниот суд донел одлука за повторување на гласањето на избирачкото место 2901 со образложение дека овој резултат може да влијае врз изборниот резултат. Најави дека гласањето ќе се одржи во недела, 12 ноември.
Разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од БЕСА во вториот круг беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 разликата е 66 гласа. На ова избирачко место вкупно се запишани 719 избирачи.
Управниот суд претходно ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.
Најмногу тужби против одлуките на Државната изборна комисија до Судот поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија.
Државната изборна комисија на попладневната седница треба да го разгледа и заклучокот за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг, одржан на 29 октомври 2017 година по донесување на пресуди и решенија на Управниот суд по поднесени тужби за заштита на избирачко право на подносителите на листи на кандидати за соодветните општини.
Ново на Сител
-

Има ли решение за проблемот со ЕЕС?
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-

Јубилеен 50-ти концерт на Кокан Димушевски во македонскиот КИЦ во Софија
-

Монструозно врсничко насилство: Ја гореле со цигара, па ја терале да јаде кучешки измет и снимале
-

Нов ценовник за горивата: Бензините ќе се точат поскапо, дизелот поевтино
-

Забраната за двојните државјанства заглави во комисиите
-

Муцунски уверува дека Македонија е се поблиску до ЕУ, од Брисел пораки дека земјава нема никаков напредок
