ДИК го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка

Државната изборна комисија на денешната седница со седум гласа „за“ и два гласа „против“ го усвои Извештајот за податоците од теренската проверка.
- Од вкупно 87.352 прашалници доставени до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК за спроведување на теренските проверки, до ДИК вратени се 87.074 прашалници. Недостасуваат вкупно 282 прашалници, наведуваат во денешното соопштение од ДИК.
Оттаму посочуваат дека се пронајдени четири дупли прашалници во подрачното одделение на ДИК во Центар. Во соопштението е наведено дека недостигаат дел од прашалниците во подрачните одделенија во Карпош, Чаир, Гази Баба, Велес, Крива Паланка, Тетово и Гостивар.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски на седницата предложи анкетарите и контролорите од подрачните единици да поднесат извештаи во кои ќе ги изнесат причините поради кои ги нема прашалниците и ќе ги наведат имињата на лицата на кои се однесуваат тие анкетни листови.
Според Чичаковски не треба да се прави драма, бидејќи методологијата за прочистување на Избирачкиот список нуди решение и за ваква ситуација.
Ново на Сител
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
