Македонија
3. August 2015 - 16:53

Дијаспората е значаен елемент од Македонија и нејзиното право на глас мора да остане

Не ја потценувајте македонската дијаспора. По обидот на опозицијата да издејствува укинување на пратеничките места за македонската дијаспора, премиерот Груевски со јасен став. Оваа структура на луѓе е многу важна за Македонија.

„Најновите притисоци кои доаѓаат кон нас а во правец да се елиминираат пратениците на дијаспората, заради калкулантски дневно полоитички ситни интереси, ќе ја оддалечи од нас оваа структура на луѓе која непрестајно, и во доби и во тешки времиња помага на Македонија. Барањата преку разни законски акробации, да се сведе работата на ниеден или најмногу еден пратеник од дијаспората, ќе испрати лош сигнал до најверните наши надворешни подржувачи. Ако јас се прашувам бројот на пратеници од дијаспората треба најмалку да се триплира, а не да се елиминираат и сегашниве.“

Груевски рече дека помошта која Македонија ја добива од дијаспората е огромна

„Дијаспората, не само што испраќа огромана финасиска помош за нивните блиски во Македонија, туку помага и на многу други начини, преку политички и економски лобирања, но се повеќе и преку помали или поголеми инвестиции во Македонија. Во бројни ситуации кога се боревме да привлечевме компании во Македонија, различни здруженија на дијаспората ни отвораа врати на многу места, лобираа и помагаа.Немојте да го потценувате нивниот труд. Независно што мал дел од нив гласаат, ќе ги погоди и оние кои гласаат, и оние кои не гласаат. Симболиката со нивни минимален број нивни преставници во парламентот им значи, и треба да останат.“

Од Македонската обединета дијаспора велат дека воопшто и не треба да се дискутира за укинување на пратеничките места, туку да се најде начин, поголем број македонски иселеници да учествуваат на изборите

Македонската дијаспора доби право на глас во 2009 година. Од тогаш во сите изборни единици довербата ја добива ВМРО-ДПМНЕ па според експертите, токму тоа е основниот проблем за СДСМ и главна причина опозицијата да бара македонските иселеници да останат без свои претставници во Собранието.