Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба.
Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за навигација и поблиски до граѓанинот.
- Оваа инвестиција, која е во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1 ги следи најдобрите практики на дигиталното управување и почитување на човековите права. Затоа, тоа не е само техничко подобрување, туку јасен израз на заложбата кон транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија. Кога информациите се достапни, институциите стануваат поотворени и доверливи, се вели во информацијата.
МИА
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
