Ди Мајо: Без разлика на методологијата, отворањето на преговорите не смее да се забави

– Без разлика дали станува збор за стара или нова методологија на преговарање, отворањето на преговорите не смее да се забави, бидејќи тука се работи само за политичка волја, порача денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.
Тој денеска престојува во Скопје, а на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање нагласи дека да дава гаранција за брзината со која ЕУ ќе ја донесе новата методологија е многу амбициозна работа.
-Да ја гарантираме брзината со која ЕУ ќе се движи тоа е многу амбициозна работа. Ние сме 27 држави, сите треба да одлучат, но нашата заложба е во правец сето тоа да биде што е можно побрзо – значи, за новата методологија и за отворање на преговорите. Дали методологијата е стара или нова сепак клучната точка е дека не смее да се забави отворањето на преговорите, бидејќи тука се работи само за политичка волја, рече Ди Мајо и додаде дека доколку земјите кои се основачи на ЕУ се соединети и се компактни значи дека може да започне едно ново поглавје за граѓаните на Македонија.
Димитров се надворза дека земаќи ги предвид искуствата од јуни 2018, јули 2019, октомври 2019 би било прехрабро да се даде прогноза.
-Ние мораме, како што вика народот, сега да дуваме и на јогурт. Елементите за заеднички успех се тука, се чини дека методологијата овозможи позитивни сигнали да се придвижи целиот процес. Следи извештајот од Комисијата и за двете досиеја и за македонското и за албанското, мислам дека ќе биде неверојатно крупна стратешка грешка ако таа шанса не ја зграпчиме и ние во регионот, меѓутоа и самата Европска унија, додаде Димитров, кој напомена дека денеска е историски ден за земјава, со оглед на тоа што во Собранието ќе се изврши ратификација на Протоколот за членство во НАТО.
-Разочарувањето од немањето одлука во октомври ја претвориме во нов мотив сите чинители во државата да работат понапорно и попосветено на нашето реформско досие, рече тој и се заблагодари за континуираната поддршка на Рим во однос на остварувањето на стратешките цлеи, НАТО и ЕУ.
На средбата денеска Ди Мајо и Димитров се согласиле дека отворањето на пристапните преговори ќе донесе многукратна корист за земјата, регионот и ЕУ.
Ново на Сител
-

Приведени две кумановки, измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити и се стекнале со 10.820.000 денари
-

Николоски во Кисела Вода на увид во реконструираната улица „Лазар Димитров"
-

Седница на Економско-социјалниот совет
-

Силен руски ракетен напад врз Киев, експлозии и во Харков и Одеса
-

СП 2026: Кејн – Мислев дека сме подготвени да одиме до крај
-

Мајка, татко и шестмесечно бебе од Молдавија загинаа во сообраќајна несреќа на Халкидики
-

СП 2026: Скалони – Моите фудбалери се уникатни, а нашите навивачи фантастични
-

Драма во полуфиналето на СП 2026: Аргентина со пресврт за седум минути против Англија избори финале
