-->
-->
Дезинсекција против комарци во Дебар
-->

Центарот за јавно здравје од Охрид за денеска од 21 часот до шест часот наутро најави дека ќе врши дезинсекција за уништување комарци во општина Дебар.
- Дезинсекцијата за уништување на комарци ќе се врши теренски (од земја) со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, крабрежјето на Дебарското Езеро, депонииите и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останати локалитети предвидени со планот и програмата, информира Центарот за јавно здравје Охрид.
Оттаму апелираат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
