Деветти ден отсечени од сообраќај 200 жители на село Герман, Ранковце
Околу двесте жители на селото Герман, во Општина Ранковце, деветти ден се отсечени од сообраќајна комуникација со општината поради обилните снежни врнежи што ја зафатија државата, а во овој реон создадоа снежна покривка од околу осумдесет сантиметри, информираат од Подрачната единица на Дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка.
-Селото Герман деветти ден е отсечено, а направени беа неколку обиди да се расчисти регионалниот пат, изјави Митко Ангеловски, раководител на ПЕ на дирекцијата за заштита и спасување – Крива Паланка.
Селото Герман со општината го поврзува регионален пат, што тргнувајќи од општината Ранковце поврзува четири села.
-Регионалниот патен правец кон село Герман ја поврзува Општина Ранковце со селата Радибуш, Отошница, минува и низ Станче и П’клиште, а надлежноста за негово расчистување е на јавното претпријатие „Државни патишта“. Во текот на изминатите неколку денови имаше обиди да се расчисти и жителите направиле обиди да помогнат, но се уште се отсечени. Постојано добиваме повици од населението и јас како прв човек на општината барам помош од надлежните служби, од сите инстанци, да направат напори да го оспособат патот за сообраќање. Моите повици до ЈП Државни патишта, до ЦУК, до сите служби, се уште немаат резултат, мора да им помогнеме на жителите, рече градоначалникот на Ранковце Ивица Тошевски.
Снежната покривка во Ранковце во реонот на низината е околу триесетина сантиметри додека во планинските места е и над осумдесет сантиметри. Екипи на ЈП „Државни патишта“ расчистиле дел од патот, до маала Орашац, кај П’клиште.
-Службата задолжена за зимско одржување во општината ги расчисти комплетно патните правци кон Радибуш, Отошница и село Опила, а работи на расичстување во Псача, Одрено и останатите асфалтирани патни правци, додаде Тошевски.
Селата Баратлија и Криви Камен што се малку населени се без пристап, станува збор за неасфалтирани патишта, но жителите се подготвени за кризна состојба, бидејќи секоја зима се справуваат со ваква непогода, па навреме се снабдуваат со намирници
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп