-->
-->
Деветнаесет загинати и 22 повредени во автобуска несреќа во северозападниот дел на Мексико
-->
Во верижен судар меѓу автобус и товарен камион во северозападниот дел на Мексико загинаа 19 лица, а 22 се повредени, соопштија локалните власти.
Несреќата се случила во Елота, популарна туристичка дестинација за канадски и американски граѓани, а двете возила целосно биле зафатени од пламен. „Изброивме 19 тела.
Идентификацијата ќе ни одземе малку време, имајќи предвид дека тие се јагленосани.
Бидејќи имаме информации за починати лица, ќе ги споделиме“, рече Сара Кињонез, државен обвинител на државата Синалоа.
Автобусот тргнал од градот Гвадалахара и имал крајна дестинација во Лос Мочис во државата Синалоа, позната и како една од лулките на трговијата со дрога во Мексико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД и Венецуела се согласија да ги обноват дипломатските односи
-

Пристигна првата група македонски државјани евакуирани од Израел
-

Европол: Зголемена закана од тероризам во Европската Унија поради конфликтот во Иран
-

Амбасадата на САД во Кувајт ја прекина работата
-

Пад на надворешнотрговската размена во јануари
-

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир
-

Сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
