Деветмина загинати при превртување на брод со имигранти кај Кос
Девет лица, меѓу кои две деца на возраст од седум и 14 години, загинаа утринава кога брод што превезувал илегални имигранти се превртил во близина на грчкиот остров Кос, соопошти Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Грција.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, во бродот имало околу 20 имигранти, од кои седум се спасени, а по четворица се уште се трага.
Грчките медиуми објавија дека превртениот брод го пронашол глисер на Службата за контрола на границите на ЕУ (Фронтекс), чии припадници слушнале повици за помош од имигрантите кои се наоѓале во водите на Егејското Море.
Операција за потрага по исчезнатите имигранти продолжува.
Со денешната трагедија, бројката на загинати во Источниот Медитеран само оваа година, достигна најмалку 562 жртви меѓу мигрантите и бегалците, соопшти ИОМ.
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба