Балкан
28. September 2015 - 8:45

Деветгодишно девојче загина во ракетен напад на курдски сепаратисти во Југоисточна Турција

Најмалку еднo деветгодишнo девојче загина, а петмина се повредени, откако ракета, истрелана од курдски сепаратисти, вчера удри во куќа во југоисточниот турски округ Дијарбекир, јавуваат локалните власти, пренесува БТА.

Цел на курдските бунтовници бил полициско оклопно возило, но ракетата погодила трикатна куќа во градот Бисмил, со претежно курдско население.

Во друг инцидент двајца курдски бунтовници се убиени во градот Дијарбекир.