-->
-->
Девет месеци затвор за хакирање мејлови и налози на познати личности
-->
Едвард Мајерчик (29) од Чикаго е осуден на затворска казна од девет месеци заради хакирање мејлови и налози на социјалните мрежи на 30 познати личности и крадење на нивните податоци меѓу кои фотографии и видео-снимки на славни личности, на кои тие се без облека.
Тој треба да плати 5.700 долари. Прогласен е за виновен дека го раководел хакирањето на повеќе од 300 мејлови и други налози, меѓу кои и приватни фотографии на актерката Џенифер Лоренс.
Според обвинението, тој на познатите им испраќал мејлови на кои пишувало дека доаѓаат од интернет-провајдер, а со кои ги барал корисничките имиња и лозинките.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ