Детектор: Македонците и Албанците гледаат различен виновник за војната во Украина
Македонците и Албанците гледаат различен виновник за војната во Украина. Етничките Албанци во Македонија сметаат дека Русија е одговорна за војната, речиси половна од Македонците сметаат дека за војната виновен е некој друг, покажува анкетата на „Детектор“, спроведена во соработка со Институтот за политички истражувања - Скопје (ИПИС).
22,1 отсто од граѓаните во Македонија прстот го вперуваат кон Русија, 5,9 проценти кон Украина, а 15,5 отсто сметаат дека виновни се и двете држави за војната која избувна минатата година. Една третина од граѓаните во Македонија сметаат дека некој трет е главниот виновник за војната во Украина.

Но доколку овие податоци се погледнат подетално се гледа големи разлики помеѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци. 56,8 отсто од Албанците велат дека Русија е виновникот за конфликтот, додека кај Македонците, само 10,9 отсто го сметаат овој став.
Поделени се мислењата кај граѓаните на прашањето „Кого поддржувате во војната помеѓу Русија и Украина?“. 21,4 проценти поддршка ѝ даваат на Русија, а 25,6 на Украина. Дури 42,6 отсто од граѓаните одговориле дека не поддржуваат никој.
И кај ова прашање се забележува различни ставови меѓу Македонците и Албанците. 47 отсто од Албанците ја поддржуваат Украина, а 41,1 проценти не поддржуваат никого. Кај Македонците сликата е поразлична и тие се поделени по ова прашање. 27 отсто од граѓаните ја поддржуваат Русија, а 18 проценти Украина. 42,4 отсто од граѓаните кажале дека не поддржуваат никој.

Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
-

Повторно е отворена народната канцеларија на претседателот во центарот на Скопје
-

Нашата земја нуди квалитетни горива
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
