Детектор анкета: Водство на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ
Водство на опозицијата за 3 процентни поени покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје изработена за потребите на емисијата Детектор на Сител Телевизија.
Според неа, доколку следната недела се одржат предвремени парламентарни избори 21,1% од граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, додека 18,1% ќе гласаат за владејачката СДСМ.
Во албанскиот политички блок ДУИ и натаму е во водство со рејтинг од 4,5% пред Алијансата на Села која ќе добие поддршка од 2,8% од анкетираните граѓани.
Алтернатива на Гаши има поддршка од 0,8%, а БЕСА на Касами 0,7%.
Повеќе од една четвртина од анкетираните или 26,1% велат дека нема да гласаат за ниту една партија. 14,7% од граѓаните не сакаат да кажат за кого ќе гласаат а 9,7% се уште немаат донесено одлука.
Анкетата за потребите на емисијата Детектор ја спроведе Институтот за Политички истражувања Скопје во периодот од 14 до 17 септември, годинава, врз репрезентативен примерок од 1109 испитаници.
Ново на Сител
-

Земјотрес почувствуван во Струга и околината
-

Вимблдон 2026 со рекордна посетеност
-

ДКСК денеска ќе избира заменик-претседател
-

Бугарската гранична полиција евакуираше патници од насукан брод на Дунав
-

Мисајловски ќе ја посети касарната во Штип и ќе изврши увид во реновираниот објект
-

Арагчи: Иран не бара ескалација со Украина, но бара обештетување за нападот врз трговскиот брод
-

Топло време со температури до 38 степени
-

Обвинет и притворен маж за повеќе намерно предизвикани пожари на југот на Франција
