Детектор анкета: Во Македонија не е тешко да се земе кредит – најмногу се користи потрошувачки

Граѓаните во мнозинство се на ставот дека не е тешко да се земе кредит во Македонија покажува последната анкета на Детектор изработена од Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа 47,8% од граѓаните велат дека е лесно да се земе кредит додека 31% не се согласуваат со нив.
Споредбата со анкетата од пред 3 години покажува дека денеска е потешко да се земе кредит во Македонија. Ако во 2020 година 52,3% рекле дека е лесно да се земе кредит што е повеќе од 47,8% колку што денеска рекле дека во Македонија е лесно да се земе кредит. Бројот на граѓани кои изјавиле дека не е лесно да се подигне кредит во Македонија од 22,2% во 2020 година скокнал на 31% во последната анкета.
Дури 63,1% од граѓаните изјавиле дека не користат кредити. Оние кои користат, најмногу се одлучуваат за потрошувачки кредит. Ваков кредит изјавиле дека користат 20,3% од анкетираните. 8,2% користат станбен кредит, 2,6% автомобилски а 2,1% брз кеш кредит.
Очекувано станбениот кредит најмногу го користат анкетираните кои се на возраст во таа категорија на млади брачни парови односно од 30 до 39 години. Потрошувачкиот кредит најмногу го користат граѓаните кои се на возраст меѓу 40 и 49 години. За брз кеш кредит според анкетата на Детектор најмногу се определуваат невработените граѓани и студентите.

При земањето на кредитите за граѓаните клучни се каматните стапки 52,9% велат дека кога земаат кредит каматните стапки им се пресудни додека 16,4% велат дека клучно за нив е полесното одобрување.
Анкетата на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје во периодот од 27 до 30 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1117 испитаници
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
