Детектор анкета: Граѓаните се најнезадоволни од средното и високото образование

Граѓаните се најнезадоволни од средното и високото образование покажува најновото истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Основното образование заедно со средното е најниско оценето од граѓаните. На скалата од 1 до 5 основното образование има средна оценка 2,65, а средното 2,64. Средната оценка за високото образование е 2,73.

Споредено со анкетата на Детектор од 2019 година, граѓаните на сите ниво на образованието ги намалиле оценките. Па така, средната оценка на основното образование од 2,85 паднала на 2,65, на средното од 2,73 се спиштила на 2,64 а на основното од 2,84 се намалила на 2,73.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
