Детектор анкета: Две третини од граѓаните имаат некој близок кој се иселил од Македонија
Близу две третини од граѓаните имаат некој близок кој веќе се преселил во странство, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 60% од анкетираните изјавиле дека имаат некој близок кој веќе се преселил во странство, додека 37,8% рекле дека немаат.

Најголем дел оние кои што имаат блиски кои се иселиле во странство живеат во севроисточниот регион. Таму 80% од анкетираните имаат некој близок кој се преселил од Македонија. На југоистокот 71,2% имаат блиски иселени во странство. Најмал процент на луѓе кои рекле дека имаат блиски кои се иселиле од Македонија живеат во Скопје.
Повеќе од половината од граѓаните сепак сметаат дека немаат шанси да си заминат од Македонија. 54,5% од граѓаните на скалата од 1 до 5 веројатноста да се иселат од Македонија ја оцениле со единица. Само 10,2% се убедени дека има многу големи шанси во следните 5 години да се исeлат од државата.
Истражувањето на јавното мислење за потребите на емисијата Детектор го направи Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 до 26 декември.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
