Дете пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи

Малолетно лице синоќа е пронајдено удавено во базен во Дебарски бањи кај село Долно Косоврати, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид, пишува МИА.
– Синоќа околу 20 часот во одделението за внатрешни работи во Дебар пријавено е дека во Дебарските бањи кај селото Долно Косоврасти забележано е удавено лице. Од извршениот увид констатирано е дека се работи за малолетничка од Гостивар и дека по извршен медицински преглед не се констатирани траги на насилство, рече Димоски.
По насока на јавен обвинител телото на починатото лице било предадено на семејството.
Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили станува збор за осумгодишно девојче, кое во Ургентниот центар во болницата било донесено без знаци на живот.
Тим од лекари специјалисти се обиделе да го реанимираат но безуспешно.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
