Дете од Србија ја украло заштедата на родителите и делело евра низ училиште за да биде популарно
Десетгодишно момче од Алексинац, Србија, ги зело заштедите на родителите од 3.000 евра и им ги поделило на соучениците во училиштето. Ученикот од четврто одделение во основно училиште само сакал да биде популарен меѓу своите врсници како момче од богато семејство.
„Во нивното одделение дошло момче чии родители се прилично богати. За да го привлече вниманието на другарите, донел пари на училиште и ги одвел децата на пица, колачи, им купувал сокови. Потоа другото момче, гледајќи дека претходното имаше многу пријатели, реши да ја стекне истата популарност“, открил извор за српскиот портал 24/7.
Момчето на тој начин ја зело целото заштеда на семејството од 3.000 евра и почнало да им ги дели парите на пријателите на големиот одмор. Децата тоа го сфатиле како забава додека едно дете не дошло дома и мајка му му нашла 300 евра во неговите пантолони. На крајот за се биле известени родителите, а децата признале дека парите им ги дал соученик.
Парите на крајот биле вратени на родителите на момчето.
Ново на Сител
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати
-
Владата најавува системско решение за Ѓавато и Дојранското Езеро
-
Дали Стоматолошката комора работела незаконски ќе испитува Обвинителството
-
Онколошки пациенти реагираат за партиципацијата на „анастрозол“ и „летрасан“
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје