-->
-->
Детали за убиството во Тафталиџе
-->

Детали за убиството во скопската населба Тафталиџе. Според информациите на МВР, вчера во 19.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на ул.„Московска“ В.Ш.(55) од Скопје, по претходна вербална расправија, со пиштол испукал неколку куршуми кон С.Д.(55) од Скопје, кој бил негов зет за сестра и починал на местото на настанот, додека Ф.Д.(25) од Скопје негов внук од сестра бил погоден во десната нога, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното, причина биле нарушени семејни и имотно-правни односи. В.Ш. бил лишен од слобода и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
