ДЕТАЛИ за тешката сообраќајка: Малолетник со „BMW“ се заби во „Chevrolet“ - 6 лица повредени
Шест лица се повредени, од кои тројца потешко, во сообраќајната несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово - Јажинце во близина на селото Лешок, пренесува Телеграф.мк.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека сообраќајната несреќа се случила во 16:10, а во неа учествувале две патнички возила, од кои едното „BMW“ со тетовски таблички управувано од 16-годишен малолетник од Слатино и „Шевролет авео“ со тетовски таблички управуван од 28-годишниот М.А. од Џепчиште.
Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди опасни по живот и по итна постапка е префрлен на скопските клиники.
Жената, нејзините две деца и сопатникот биле пренесени во тетовската клиника. Кај едно од децата се констатирани тешки повреди а потешко е повреден и работник на бензиската пумпа кој се здобил со скршеница на ногата.
Увид на местото по наредба на Јавен обвинител извршила екипата на СВР Тетово и според првичните информации причина за несреќата е преголема брзина.
Двете возила се видно оштетени а малолетникот најверојатно немал ни возачка дозвола и возилото кое го управувал не било регистрирано.
Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Даниела Димовска избрана за в.д претседател на Кривичен суд
-
Полицијата се уште трага по возачот што го прегази Југо на пешачка патека
-
Партиите ги засилуваат теренските активности пред локалните избори
-
Повеќе здравствено осигурени отколку попишано население во државата
-
Нова инвестиција од 30 милиони во автомобилската индустрија
-
Ќе имаме многу тешко лето со пожари, вели Ангелов и уверува дека државата е поподготвена од лани
-
Мицкоски: Во 21 век на талибански начин се избришаа македонскиот јазик и идентитет од извештајот на ЕК
-
Африм Фидани ја превзема функцијата претседател на Врховниот суд