Детали за сообраќајката на Маџиров: Во кома префрлен на Неврохиругија

Вчера во 16.10 часот на магистралниот пат А-4 Штип – Радовиш на 2км после крстосница 20км, во насока на движење кон Радовиш, се случила сообраќајна незгода при разминување на Влекач „Даф“ со кумановски регистарски ознаки и Приклучно Полуприколка „Шмитз“ управувано од Н.А.(1977) од Куманово и патничко возило „Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од Зоран Маџиров (1968) од Струмица.
Во незгодата со тешка телесна повреда, кома со крварење во черепна регија и повеќе рани во главата се здобил Маџиров, кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар -Струмица од каде како итен случај бил препратен во Клиничкиот Центар-Скопје на клиниката за Неврохирургија.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Штип.
Сообраќајот бил во прекин до 20.50 часот, а потоа е целосно нормализиран.
Ново на Сител
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
-

Се одбележаа 25 години од масакрот на Карпалак кога загинаа 10-мина прилепчани
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за младите од Ново Село, СДММ бара одговорност за откривање службена тајна
-

Зеленски во официјална посета на Србија
-

Прилеп одбележува 25 години од крвавиот масакр на Карпалак, не смее да се заборави жртвата на бранителите
