-->
-->
Детали за инцидентот во Гостивар, истрагата е во тек
-->

Вчера во СВР Тетово, М.С.(33) од Гостивар пријавил дека околу 15.00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, по претходна вербална расправија околу погрешно паркирање, физички бил нападнат од Б.Т.(54) од Гостивар.
Според пријавеното, Б.Т. му го оштетил и предното ветробранско стакло на неговото патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се наоѓало неговото малолетно дете.
Исто така, според пријавеното, во нападот се вклучило уште едно лице од угостителски објект во непосредна близина.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар и во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
