Детали за двете сообраќајки кај Тумчевишка клучка во која загина полицаец, а неговиот колега и 3 лица се повредени
Вчера во 19,05 часот на автопат Тетово-Гостивар, во близина на место викано „Тумчевишка клучка“ патничко моторно возило „форд фокус“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Ш.(31) од с.Грешница,кичевско удрило во двајца полициски службеници П.Ѓ. и Ф.Ш. додека извршувале работни задачи- обезбедување на место на настанот од претходно случена сообраќајна незгода, а потоа патничко моторно возило„фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.Б.(39) од с.Синичане, кое се движело во правец Гостивар-Тетово удрило во полицискиот службеник П.Ѓ.
По незгодата, со возило на итна медицинска помош полициските службеници се пренесени во Медицински центар Гостивар, каде од доктор кај П.Ѓ. е констатирана смрт, додека кај Ф.Ш се констатирани тешки телесни повреди.
Р.Ш., по насока на јавен обвинител е лишен од слобода во Полициска станица Гостивар.
Петнаесет минути пред тоа, двајцата полицајците застанале да го обезбедуваат местото каде се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(20) од Гостивар, и патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.О.(49) од с.Речане,гостиварско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките во патничко моторно возило „пежо“ Ф.С.(51), О.Р.(48) и Д.Х.(27), сите од с.Речане и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Трамп: Ја завршивме војната во Газа
-
Од 8:30 часот утре без вода жителите на третата зона Припор и на улицата Виктор Иго и околните улици
-
Гутереш: ОН подготвени да дејствуваат во Газа
-
Путин: Искрено се надевам дека ќе биде спроведен планот на Трамп за Појасот Газа
-
При претрес пронајдени се дрога и куршуми, кривична против четири лица од Скопје
-
Обвинение за предизвикување омраза и нетрпеливост
-
Општина Центар: Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда, безбедноста на граѓаните на прво место
-
Поднесена кривична пријава против две лица за криумчарење телефони „Ајфон“ | ФОТО