-->
-->
Детали сообраќајката на автопатот Табановце - Куманово - Еве што се случило
-->
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во сообраќајната несреќа што се случи на клучката од автопатот Табановце - Куманово со тешки телесни повреди се здобиле двајца албански државјани.

Со тешки повреди се здобиле М.М. возач на патничкото возило „ленд ровер“ и неговиот сопатник Л.М. Двете лица по укажаната прва помош во Кумановската болница се пренесени во Ургениот центар во Скопје.
Во сообраќајката со телесни повреди се здобиле уште 12 лица на кои им е укажана лекарска помош во Општата болница во Куманово.
Сообраќајната несреќа се случи вчера во 17:10 часот, а во неа учествуваа „ленд ровер“ со национални ознаки од Република Албанија, автобус МАН со гостиварски регистарски таблички, управуван од Е.И., роден 1977 година од Врапчиште и патничко моторно возило „рено лагуна“ со штипски регистарски таблички, управуван од 38-годишниот Д.М. од Пробиштип. Во автобусот се превезувале 56 патници.
Увид во сообраќајната несреќа извршил јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманов
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда