-->
-->
Детали: Пијано момче ја однесе младата Блаженка во смрт
-->

Блаженка Наход, 29-годишната мајка од Србија која загина во страшна сообраќајка и го остави двегодишното синче без родител, замина во смрт поради нејзиното момче кое возело пијано со голема брзина. Се работи за 34-годишниот Владан Чесаревиќ кој управувал пијан со својот автомобил марка БМВ на автопатот во близина на аеродромот “Никола Тесла”. Најпрво удрил во автомобил марка Мазда, а потоа и во камион.
Алкотестот покажал дека тој имал 1,5 промили алкохол во крвта, дознава “Блиц”.
– Прво, тој негирал дека возел, но оттогаш ја променил неговата изјава – вели за “Блиц” извор близок до истрагата.
Дали е тоа судбина? Му реков: “Синко, ако пиеш, оди со такси, тоа е побезбедно” – со плачлив глас за “Блиц” изјавила мајката на момчето.
Блаженка ќе биде погребана денеска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев
-
10-тина млади лица добија државна субвенција за воздухопловна обука