Македонија
8. November 2016 - 17:22

Десни популисти со смртни закани до германски надбискуп

Надбискупот од германскиот град Бамберг, Лудвиг Шик добил смртни закани на социјалните мрежи, откако популистичката екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) на својата официјалната страница на Фејсбук објави негова фотографија со коментра: „Црквата прифаќа муслиман за претседател на Германија“.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, објавата на Фесјбук, која е покриена со знакот „халал“, што на арапски значи „дозволено“, резултирапе со отворени закани по животот на надбискупот.

Причината за нападот на АФД врз надбискупот од Бамберг е неговата изјава дадена на една панел дискусија во Нирнберг. Тој бил прашан дали би можел да замисли муслиман да биде претседател на Германија, на што првичнно одговорил дека во моментов „не гледа социјално мнозинство за тоа“, но откако повторно му било поставено прашањето дали ја смета таа опција за реална, Шик изјавил дека е можно муслиман да биде кандидат на сите партии и да биде избран од федераното собрание за шеф на државата и доколку тоа се случи црквата би ја прифатила ваквата демократска одлука, затоа што се друго би било противуставно однесување,

По објавувањето на постот на Фејсбук, кон надбискупот биле упатени околу 1.300 коментари со говор на омраза, а еден кориснник напишал: „замислете овој глупак да му ја скинат главата со восхит и никој да не го забележи тоа“.

По пријава поднесан од страна на Шик, АФД ги избриша заканите, но неговата фотографија и дел од коментарите се уште можат да се видат на страната на АФД на Фејсбук.

Првично надбискупот за германските медиуми изјави дека не се плаши од заканите и дека останува на неговата изјава во која владеење на правото има суштинска улога, но сега тој бара полицијата да ги испита заканите и да утврди дали има реална основа да стравува за својот живот.

Надбискупот Шик имаше сличен проблем со германската десница пред две години, кога јавно побара христијаните да не ја поддржуваат антиисламската група ПЕГИДА, која протестира против влијанието на муслиманите во Европа.