Дескоска: Сите политичари да помогнат да се обезбеди мнозинство за Законот за јавно обвинителство

Сите политичари во наредниот период да го помогнат процесот на преговори за обезбедување двотретинско мнозинство за Законот за јавно обвинителство кој е значаен за евроинтеграциските процеси на нашата држава, апелираше денеска министерката за правда Рената Дескоска.
Посочи дека не може да каже дека биле успешни вчерашните разговори со пратеничките групи во Собранието и како главен камен на сопнување околу амандманите на ВМРО-ДПМНЕ ги посочи тие што се однесуваат на статусот на СЈО и доказните средства коишто се прибрани во веќе започнатите постапки на СЈО.
– Заклучокот беше дека ВМРО-ДПМНЕ треба да направи консултации со цел да ги усогласи своите ставови со препораките на меѓународната заедница, бидејќи закон само за носење закон не е нешто што ќе ни овозможи отворање преговори со ЕУ, изјави Дескоска.
Во однос на изјавата на претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката Дескоска рече дека за жал, изјавата имала одредено влијание и во преговорите со ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека таа била искористена како аргумент за одложување на процесот на преговарање, со тоа што, како што рече, било истакнато дека ако претседателот на Собранието не закажува седница, нема потреба да се брза и со преговорите.
Прашана како го оценува правосудството, Дескоска одговори дека не може да се одвои од општиот впечаток на граѓаните за работата на судството и затоа, рече, влегле во сериозен процес на реформи, коишто треба да овозможат легислативна подлога за независно и непристрасно судство.
– Годинава, практично најголемиот дел од буџетот поврзан со судството, е префрлен на судскиот буџетски совет, што треба да располага со него, за разлика од други години кога капиталните инвестиции останувале во Министерството за правда, изјави Дескоска.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
