Дескоска ја презеде функцијата министер за правда
Новата министерка за правда Рената Дескоска денеска по преземањето на функцијата од нејзиниот претходник Билен Саљији, најави дека нејзина првенствена заложба ќе биде подобрување на состојбата на граѓаните со остварувањето на нивните права и реформите во судството.
- Еден од првите приоритети е измена на Законот за извршување со цел да се овозможи поправеден систем со помали трошоци во постапките пред извршителите, изјави Дескоска.
Вториот приоритет, посочи таа, се реформите во судството со оглед на тоа што во Министерството за правда веќе е донесена стратегија за реформи.
- Во догледен период ќе следи процес на преговори со оглед на тоа што дел од законите се носат со двотретинско мнозинство, за да може да се изменат. Тие што не се носат со двотретинско мнозинство очекувам да се донесат со најширока можна поддршка во Собранието, бидејќи навистина имаме волја судството да го направиме независно и да овозможиме правна основа за негова независност. Сметам дека тоа треба да биде од интерес на сите политички партии, изјави Дескоска.
Поранешниот министер за правда Билен Саљији, кој поднесе оставка во март годинава, по официјалното предавање на функцијата рече дека работата на Дескоска за нијанса ќе и биде полесна, бидејќи друго било да си министер за правда на 1 јуни 2017 година, а друго сега кога се јасно поставени контурите за реформи во правосудниот сектор.
- Останува се тоа што го зацртавме со макотрпна работа да го спроведе на дело, за да добиеме што понезависен судски систем во Република Македонија, рече Саљији.
На новинарско прашање каде ќе продолжи Саљији рече дека за тоа ќе одлучат органите на партијата.
Во однос на неговото раководење со министерството, Саљији кажа дека ќе покаже времето и ќе оценат граѓаните.
Ново на Сител
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел
-
Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија
-
Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“
-
ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале
-
Запленети фалсификувани производи во Нови Сад и Белград, меѓу кои има бисквити, детергенти и шампони
-
Токсикологија: Поплавени лекарски канцеларии, болнички соби, сметководство, амбуланта на ОРЛ...