-->
-->
Десетмина убиени при бомбашки напад во предградие на Кабул
-->

Најмалку 10 лица денеска беа убини, а тројца - ранети, при напад на бомбаш-самоубиец во предградието на авганистанската престолнина Кабул, пренесе ТАСС, повикувајќи се на локалната телевизија Толо Њуз.
Нападот бил извршен во месноста Пагман, којашто се наоѓа на неколку километри западно од Кабул.
Бомбашот-самоубиец се разнел во автобус којшто превезувал група правници, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи.
До овој момент никој не ја презел одговорноста за нападот, којшто всушност е извршен на денот кога талибанците официјално потврдија дека нивниот лидер, мула Ахтар Мансур бил убиен при напад на американската авијација. Тие, меѓу другото, објавија и дека негов наследник ќе биде Хајбатула Ахунзада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Истражување: Деца од 12 до 17 години жртви на сексуална експлоатација преку интернет
-

А1 Mакедонија одбележува седум години со роденденска понуда за своите корисници
-

Преглед на вестите од светот
-

Стартува изградбата на автопатот Скопје-Блаце
-

Ниту едно подрачно нема да биде затворено и ниту еден наставник во Прилеп нема да остане без работа
-

Со нов проект ќе продолжи доизградбата на затворениот базен во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Пехчево против дата центри
