-->
-->
Десетгодишно девојче спасено од под урнатини 39 часа по земјотресот во јужна Турција
-->
Десетгодишно девојче денеска е спасено од под урнатини, 39 часа откако силни земјотреси ја погодија јужна Турција, јави Анадолија.
Девојчето со сириско потекло било спасено од петкатница во Хатај, една од 10-те провинции тешко погодени од земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени.
Нејзината мајка, братот и сестрата биле претходно спасени, соопштија спасувачките екипи од лице место.
Бројот на загинати од вчерашните земјотреси во Турција се искачи на 4.544 жртви, соопшти вечерва претставник на турската Агенција за справување со катастрофи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости