Десет сообраќајки вчера во Скопје, повредени 12 лица

Дванаесет лица се здобиле со полесни повреди во седум од регистрираните 10 сообраќајни несреќи во Скопје во изминатите 24 часа. Три од сообраќајките се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА главниот инспектор Сашо Дамјановски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.
Дваесет и седум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возилеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, тројца поминале на црвено светло на семафор, а исто толку возачи не користеле сигурносен појас или зборувале на мобилен телефон. Затекнати се и шест возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се четири возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници во автобус на ЈСП со учениците од трето одделение во „Невена Георгиева Дуња“ и едукативна работилница со учениците од второ одделение во ОУ „Јоаким Крчовски“, општина Ѓорче Петров.
Вечер со почеток во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра кошаркарски натпревар од Првата лига помеѓу кошаркарските клубови „Карпош Соколи“ и „Куманово“, а во СЦ „Јане Сандански“ помеѓу „МЗТ Аеродром“ и „Фени индустри“. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од МВР истакнуваат дека сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и можно пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
