Десет сликари ќе учествуваат на 16. Меѓународна ликовна колонија во Гвегелија

Фондацијата „Аполонија“ утре ќе ја организира 16. Меѓународната ликовна колонија во Гевгелија на која годинава ќе учествуваат десет ликовни уметници од Македонија, Србија и Бугарија.
Директорот на Фондацијата Аце Ристовски денеска соопшти дека сликарите ќе изработуваат дела по сопствен избор, инспирирани од гевгелиското поднебје, кои на публиката ќе и бидат презентирани на изложба по затворањето на колонијата.
- Годинава новина е тоа што учесниците три дена ќе престојуваат во планинското село Ума, каде што ќе работат на обновување на иконостасот во црквата „Свети Пантелејмон“, рече Ристовски и додаде дека тоа ќе го практикуваат и во наредните години во други населени места во општина Гевгелија.
Покрај гевгелиските сликари Драги Хаџи-Николов и Јордан Јанев, учесници од Македонија се и сликарите Ниче Василев, Синиша Кашавалески и Александар Јовановски. Колонијата се одржува под покровителство на Општина Гевгелија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
-

Како да добиете обештетување доколку имате штети од невремето во вторникот?
-

Недоволна наплата на даноци: Општините пропуштиле милионски приходи
