Десет поранешни пациенти на штипска ортопедија се заразиле со хепатитис Ц
Десет поранешни пациенти, кои биле хоспитализирани на Ортопедското одделение на Клиничката болница – Штип, се заразиле со вирусот хепатитис Ц. Бројката се искачи откако деновиве се откриени двајца нови пациенти, кои откако ја слушнале или ја прочитале веста во медиумите самоиницијативно побарале да се прегледаат и да им се направи анализа на крвта.
Директорката на Центарот за јавно здравје – Штип Марија Димитрова вели дека со двајцата нови пациенти, бројот на заболени од вирусот Хепатит Ц изнесува десет. Забележува дека ја следат состојбата со поранешните пациенти на Одделението за ортопедија во Клиничка болница-Штип, побарале помош и од колегите од Скопје со цел, како што вели, да се открие изворот на заразата на пациентите, на кои заеднички им е што биле пациенти на Ортопедија.
Директорот на Клиничка болница – Штип Ален Ѓеорѓијев вели дека потврдата за двајцата нови пациенти заболени од Хепатит Ц ја добил денеска, а изминатиот период направена е и обука на персоналот.
– Комисијата за интерхоспитални инфекции по стерилизацијата и вонредните контроли го продолжи мониторингот на ова одделение, а спороведе и доплнители обуки за целиот медицински и немедицински персонал, рече Ѓеорѓијев.
Заразените поранешни пациенти на Ортопедија се повозрасни мажи и жени, од различни градови во источниот регион од државата. Заеднички им е што претходно биле пациенти на Ортопедија, едни оперирани, а дел и неопрерирани. Откако е откриена заразата од Инфективното одделение, болницата од 1 септември ги смени и протоколите за предоперативни зафати. Дополнителни епидемиолошки истражувања треба да го утврдат изворот на заразата.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ

