Десет кривични имал сопругот на Ивана, на вчерашната трагедија и претходела расправија
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција истакна дека Стојанче Јовановски по вчерашниот настан е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело, по што ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.
-Во СВР Скопје за лицетоима 10 кривични пријава за дела од областа на насилен криминал, имотни деликти и дрога. По апсење за дрога, биле пронајдени 20 паковки дрога, а МВР отпочнало брза постака и доставиле кривична пријава до Јавното обвинителство и од страна на ЈО биле побарани мерки на претпазливост и истите биле изречени од судот. Во 2025 и 2026 година имало повеќе пријави за нарушени односи и човечки напади меѓу сопружниците и полицијата постапувала. Во сите наврати пријавите биле повлекувани и сега починатата Ивана се откажувала од водење на понатамошни постапки, вели Тошковски.
На вчерашната трагедија и претходела нова расправа меѓу сопружниците при што полицијата интервенирала, но Ивана изјавила дека немало физички контакт, се работело за недоразбирање кое ќе го решеле по мирен пат и не бара полициска интервенција. Тошковски вели дека сега почината Ивана, ставила свој потпис на сочинетата белешка пред заминувањето на полицијата.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
