-->
-->
Десет кандидати за обвинители во Обвинителството за организиран криминал
-->
За пет места за обвинители во Основното јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција до Советот на јавни обвинители доставени се вкупно десет кандидатури.
Првично до Советот биле доставени осум апликации, а заклучно до денес уште две кандидатури пристигнале по пошта.
Огласот за избор на обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е распишан поради истек на мандатот на петмина од ова Обвинителство.
Во април годинава Советот на јавни обвинители донесе одлука за избор на пет јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје.
За обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, Советот ги избра обвинителите Лиле Стефанова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов, Наташа Поп Трајкова и Катерина Колариќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
