-->
-->
Десет годишно дете починало од заталкан куршум во гостиварско
-->

Дете на десет годишна возраст од гостиварска населба Фазанерија починало на скопските клиники од повреди задобиени најверојатно од заталкан куршум.
Според првичните сознанија настанот се случил вчера попладне околу 15 часот, кога во близина на локалната џамија дететото со уште две други биле излезени. Во еден момент детето се пожалило на болки во задниот дел на главата од каде што и крварело, по што паднало во безсознание. Набрзо родителите го пренеле во гостиварската болница, а потоа во ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Доцна синоќа детето починало.
Од МВР потврдија дека кај нив е пријавен случај, но засега нема официјални потврди за идентитетот и причините за смртта на детето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
-

Предизвикувачка година за прилепското стопанство
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
