Дербито во Мадрид без победник

Атлетико и Барселона одиграа 1:1, во дерби натpреварот во 13.коло, во Примера. Дербито не ги исполни очекувањата, повеќе наликуваше на шаховска партија, во која ниту една од екипите не отстапи од своите тактички варијанти. Атлетико не успеа да ја победи Барселона во првенствен меч и во 17.натпревар во ерата на тренерот Диего Симеоне.
Дека ниту една од екипите не сакаше да прифати некаков поголем ризик најдобро покажува податокот дека првиот шут во рамките на голот некоја од екипите го упати во 77.минута.
Од тој шут Атлетико стигна до предност. Првиот корнер на мечот за Атлетико го изведе Гризман, а на втората статива Диего Коста топката со глава ја смести зад грбот на Тер Штеген.
Барселона поразот го избегна во 90.минута. Критикуваниот Дембеле, на десната страна прифати една топка, успеа да го мине својот чувар и потоа ја смести топката во голот.
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
