„Денови на корејската култура“ првпат во Скопје

Заменик–министерот за култура Драган Недељковиќ синоќа во Македонскиот народен театар се обрати на манифестацијата „Денови на корејската култура“, што од 29-ти до 31-ви октомври се одржува во Скопје.
- Манифестацијата „Денови на корејската култура“ претставува исклучителна можност нашите граѓани да се запознаат со сегменти од музиката, кинематографијата и фотографијата на една земја, која иако географски е далечна, сепак емотивно е многу блиска до македонскиот сензибилитет кој изобилува со топлина и искреност, истакна Недељковиќ.
Според него, организирањето на манифестацијата е мошне значајна иницијатива која води кон подобрување на односите меѓу двете земји.
- Меѓународната соработка е еден од приоритетите на Министерството за култура на Република Македонија. Како држава поседуваме навистина богато културно наследство и актуелно творештво и токму затоа наша цел е да бидеме континуирано и видливо присутни на сите светски настани од областа на културата. Во исто време сме и длабоко посветени на унапредување и промоција на културните релации со земјите од светот, а една од тие земји е и Јужна Кореја, подвлече заменик-министерот за култура.
Амбасадорот на Јужна Кореја Шин Менгхо, кој е и домаќин на манифестацијата истакна дека сите сме обединети од музиката која, како што рече, претставува и единствен, универзален јазик, кој надминува секакви идеологии и различности.
- Длабоко верувам дека преку уметноста и културата можеме да научиме повеќе едни за други и покрај географската далечина меѓу корејскиот и македонскиот народ, додаде амбасадорот Шин Менгхо.
Манифестацијата „Денови на корејската култура“ почна со концертниот настап на ансамблот „Bul-se-chul“ и комичниот музички невербален настап на акробатското кујнско шоу „Nanta“. Вечерва и утревечер македонската публика ќе има можност да проследи филмови од богатата корејска кинематографија кои ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија, а ќе биде претставена и изложба на слики на платно со мотиви од Сеул на уметникот Симон Калајџиев.
Ново на Сител
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
-

Бугарија ќе нема право на вето кај постепеното зачленување во ЕУ
-

Паневропска Унија: Сите земји треба да имаат полноправно членство на ЕУ, не држави без право на глас
-

Забрзано се гради новата делница од Коридор 8 Гостивар - Букојчани
