Македонија
8. September 2015 - 20:45

Денот на независноста одбележан од Македонците во Австралија

Во просториите на македонската ошштина во западна Австралија се одржа свечен прием во чест на Денот на независноста на Република Македонија - 8 Септември, на кој присуствуваа претставници на Владата и опозицијата на западна Австралија.

Пред бројните гости од име на Владата на западна Австралија се обрати министерот за мултикултура Мајк Нахан, додека лидерот на опозицијата Марк Мак Гавон се осврна на значајниот придонес кој македонската заедница го има направено во минатото за развојот на Австралија.

Поздравите од Република Македонија ги пренесе почесниот конзул Зоран Ќосески, а за значението на празникот реферат поднесе претседателот на Македонската општина, Трајан Андоновски.